Поранешниот челник на „Audi“ осуден за измама во случајот за емисиите на дизелските горива

Окружниот суд во Минхен го осуди во вторникот поранешниот челник на германскиот автомобилски гигант „Audi“, Руперт Штадлер на условна казна од година и девет месеци, прогласувајќи го виновен за измама во долготрајното судење за емисиите на дизелските горива.

Двајцата сообвинети со Штадлер, поранешниот шеф на одделот за развој на мотори Волфгант Хатц и поранешни водечкиот инженер идентификуван само како П, исто така добија условни казни за измама. Казните сѐ уште не се правосилни, а сите тројца обвинети ја признале вината.

Ова се првите пресуди во Германија во рамките на скандалот со издувните гасови на дизелските возила на „Audi“ откриен во 2015 година, кој ја стресе целата автомобилска верзија и направи штети во износи од милијарди.

Осудените Хатц и П. произнале дека манипулирале со дизелските мотори кои минале тестови за емисии во контролирани услови, но испуштале повеќе азотни оксиди отколку што е дозволени при нормално користење на патиштата. Штадлер признал дека предоцна ја запрел продажбаа на манипулираните автомобили.

Државниот обвинител претходно веќе се согласи на условни парични казни за Штадлер и П. во рамките на спогодбата на судењето, но во случајот на Хатц барал затворска без условна казна.

Штадлер се соочува со казна од 1,1 милион евра, додека Хатц би морал да плати 400.000 евра, а инженерот П. 50.000 евра.

Штадлер признал дека не успеал да го запре софтверот за мамење во возилата продадени во Европа, откако скандалот првпат избувна во САД во 2015 година. Признал дека не интервенирал откако станал свесен за манипулацијата со тестовите за емисиите.

Другите двајца обвините соочени се со потешки обвинувања дека стојат зад манипулацијата на големите дизелски мотори за „Audi“, „Volkswagen“ и „Porsche“.