Поранешниот директор на BBC поднесе оставка за интервјуто со Лејди Ди од 1995-та

Tony Hall arriving to take up the post of BBC director general in 2013

Тони Хол, кој ја водеше редакцијата на британскиот јавен радиодифузен сервис BBC во времето на снимањето и емитувањето на контроверзното интервју со принцезата Дијана од 1995 година, во саботата поднесе оставка на должноста директор на лондонската Национална галерија откако беше објавен извештајот во кој се критикува интерната истрага спроведена за тоа интервју.

„Денеска поднесов оставка на местото директот на Националната галерија“, изјави Тони Хол, повторно извинувајќи се за „настанот од пред 25 години“.

Во извештајот објавен во четвртокот, речиси четврт век по интервјуто во коешто принцезата Дијана првпат јавно проговори за својот неуспешен брак, се осудуваат методите со кои се служел новинарот Мартин Башир, денес 58-годишник, за да го изнуди и да го води интервјуто. Тој тогаш се послужил со лажни документи за да го натера братот на принцезата Чарл Спенсер да го запознае со принцезата и да ја натера на снимање на интервјуто.

Дијана во ова легендарно интервју коешто го следеле 23 милиони гледачи во Велика Британија изјави дека „тројца се во нејзиниот брак“, алудирајќи на врската која принцот Чарлс ја одржувал со Камила Паркер и призна дека и самата имала вобрачна афера.

Поранешниот директор на BBC, Тони Хол, кој во времето на снимањето и емитувањето на интервјуто бил на должноста главен уредник, во четвртокот јавно се извини признавајќи дека интерната острага од 1996 година „беше значително под“ бараните стандарди и дека „можеше и требаше да се преземе многу повеќе по поплаките за однесувањето на Мартин Башир“.

Во саботата Хол објави дека одлучил да поднесе оставка на функцијата во Националната галерија, којашто ја извршува од јули 2020 година. Појасни дека останувањето на оваа должност „би го одвратил внинанието на јавноста од институцијата“ којашто му прираснала за срцето.

Извештајот ја разоткри одговорноста на глобално моќната британска јавно радиотелевизиска корпорација. Премиерот Борис Џонсон ја повика управата на BBC да преземе „сѐ што може да се гарантира дека таквата ситуација повеќе никогаш не се повтори“.

Доверливите информации коишто принцезата Дијана јавно ги изнесе во интервјуот резултираа со нејзиниот развод од принцот Чарлс. Принцезата загина неполни две години потоа во сообраќајна несреќа во Париз, додека со автомобилот со нејзиниот партнер египетскиот богаташ Доди ал-Фајед се обидувале да им побегнат на папараците.