Поранешниот директор на Фронтекс се приклучи на француската крајна десница

Поранешниот директор на Фронтекс, агенцијата за гранична контрола на Европската унија, во саботата објави дека ќе се приклучи на крајно десничарската француска партија на Марин Ле Пен и ќе се кандидира на европските избори во јуни.

„Националниот собир (RN) има конкретен план и капацитет да го спроведе. Решени сме да се бориме против прeплавеноста со мигранти, кој Европската комисија и еврократите не го сметаат за проблем, туку за проект. Ова лично можам да го потврдам“, рече Фабрис Легери во интервју за неделникот Journal du Dimanche објавено во саботата доцна вечерта.

Педесет ипетгодишниот француски државен службеник беше на чело на Фронтекс од 2015 до 2022 година, пред да поднесе оставка на должноста.

„Мојата цел е да ги ставам моето искуство и стручност во служба на Французите. Имајќи предвид дека го водев Фронтекс речиси седум години и работев за државата околу триесет години, особено во областите на безбедноста и управувањето со имиграцијата, оваа одлука е многу доследна“, вели Легери.

„Европските избори на 9. јуни претставуваат единствена можност Франција и Европа да се вратат на вистинскиот пат“, убеден е тој.

Националниот собир, партијата на Марин Ле Пен, води во анкетите во пресрет на европските избори во Франција.