Поранешниот монголски премиер Хуреслух победник на претседателските избори

Поранешниот премиер Ухнаагајин Хуреслух стана во средата шестиот демократски избран претседател на Монголија, дополнително зацврстувајќи ја водечката позиција на владејачката Монголска народна партија (MPP).

Хурелсух, кој беше принуден да поднесе оставка на премиерската должност по протестите претходно оваа година, со 70 отсто освоени гласови имаше надмоќно водство пред најголемиот противкандидат поранешниот претседател на парламентот Дангасуренгијин Енхбат кој освои 25 отсто, и Содномзундујин Ердене, челникот на главната опозициска Демократската паритија, кој освоил меѓу 5 и 6 отсто од гласовите.

Така Хуреслуг ќе го замени актуелниот претседател Халма Батулга, кој беше оневозможен повторно да се кандидира по контоверзната промена промена на монголскиот устав кој претседателите ги ограничува на само еден мандат.

Победата на Хуреслух доаѓа по скромната кампања која била ограничена со мерките за ограничување против коронавирусот. Повеќето предизборни активности кои се одвиваат на отворено беа откажани во саботата откако аутсајдерскиот кандидат Дангаасурен Енхбат од Националната работничка партија беше тестиран позитивно на коронавирусот.

Минатата седмица е забелажан најголемиот број заразени во еден ден, а од почетокот на пандемијата од коронавирусот починале 325 лица од 3,2 милионското население.

Монголскиот хибриден политички систем му дава на својот избран парламент право да именува влади и да носи политички одлуки, но претседателот има пораво да стави вето на законите и да именува и сменува студии.

Монголците вообичаено ги избираат кандидатите на опозициските партии за претседател. Иако победникот на изборите мора формално да ја напушти својата партија, вообичаено го блокира усвојувањето на законите по партиска линија, поради што настануваа политички застои коишто, според некои коментатори, го забавува развојот на земјата.

Но сега изборот на Хуреслух би требало да ѝ овозможи на Монголската народна партија повеќе контрола над лостовите на валста, иако неговата обврска е да се откаже од партиската припадност штом да ќе го преземе мандатот.

Демократската партија ја водеше кампањата под мотото „Монголија без диктатура“, а Ердене предупреди дека земјата се лизга кон тоа да стане еднопартиска држава.

Двете главни партии меѓусебно се обвинуваат за поткопување на 30-годишната демократија во Монгалија. „И двете партии се во право“, смета Сумати Лувсандендев, политички аналитичар на монголската фондација Fondacije Sant Maral.

Останува нејасно што зацврстувањето на моќта на MPP чќе значи за најголемиот странски ивнестициски проект во Монголија, рудникот за бакар Оју Ролгои чие градење го предводи корпорацијата „Rio Tinto“, што владата во Улан Бато се обиде повторно да го испреговара откако трошицте за инвестициите започнаа да се зголемуваат.