Поранешниот претседател Ево Моралес се врати во Боливија по егзилот

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес се врати во понеделникот во татковината од егзилот во Аргентина и го започна пеш својот тридневен пат од илјада километри до својот бастион во центарот на земјата.

„Дел од мојот живот остана во Аргентина по 11 месеци егзил“, рече поранешниот боливиски претседател и пешки се упати во областа меѓу границите од градот Ла Квика на северот од Аргентина до Вилазон на југот од Боливија, пренесува AFP.

Моралес од Аргентина го испратил претседателот на партија од левиот центар Алберто Фернандез кој во неделата присуствуваше на инаугурацијата на новиот боливиски социјалистички претседател Луис Алберто Арсе Катакора. Моралес му се заблагодарил на Фернандез и додал дека „му го спасил животот“.

По преоѓањето на границата, Моралес го поздравиле стотици одушевени приврзаници. Тој се враќа во земјата откако неговата социјалистичка партија MAS се врати на власт, една година откако Моралес беше принуден да поднесе оставка и да ја напушти земјата по насилните протести на опозицијата во кои имаше и жртви.

Моралес, кој беше боливиски претседател од 2006 до ноември 2019 година и освои нов мандат кој не го признаваше опозицијата, објави дека по протестите неговиот живот е загрозен и оти по фактичкиот преврат постои закана да биде затворен, замина во Мексико а од таму во Аргентина. Сега Моралес заминува пешки до својата база во местото Чиморе во округот Кочамамба.

По 11-те месеци владеење на преодната влада, во октомври годинава на претседателските избори победи Луис Арсе, поранешниот министер за економија во владта на Моралес, што му овозможува враќање во земјата.

Опозициските политичари критикуваат дека враќањето на Моралес ги зголемува тензиите во и онака танзичната атмосфера во која нвоиот Конгрес со социјалистичко мнозинство ја наметнува својата политичка агенда и покрај протестите на опизицијата. Засега не е познато дали Моралес ќе има некаква улога во политичкиот живот во Боливија.