Поранешниот украински јавен обвинител објави дека добил наредба да го напушти Бахмут

Поранешниот јавен обвинител на Украина, Јуриј Луценко, објави во дека наводно добил наредба за го напушти опколениот град Бахмут, на истокот од одметнатата доминатно руска област Доњецк, каде што, како што тврди учествувал во борбените дејствија како оператор со беспилотни летала, пренесуваат во саботата медиумите.

Во петокот во некои украински медиуми се појавија тврдења на командант „Мадјар“ на една украинските единици кои се во речиси целосно опколување од руските сили во Бахмут (Артјемовск, на руски) дека добил наредба веднаш да ја повлече својата единици од градот.

„Вчера добив лична наредба да ја напуштам единицата на вооружените сили на Украина во Бахмут и да продолжам да служам во територијалната одбрана. Во друга насока беше префрлена и единицата каде што служев 110 дена и ноќи во насока Бахмут. Спроведувањето и на двете наредби постојано се следат за извештајот до кабинетот на претседателот“, напишал Луценко на социјалните мрежи.

Луценко оваа одлука ја нарекол „ситна политичка одмазда“ и рече дека „пријателите на Зеленски“ не брзаат да го заземат неговото место на првата линија.

Кон крахот на февруари неговиот портпарол објави дека Луценко е назначен за командант на водот на ударни беспилотни воздушни системи. Луценко беше главен обвинител на Украина од 2016 до 2019 година. На неговата официјална страница на социјалната мрежа од февруари како место за работа е посочен „стрелец на баталјонот за територијална одбрана“.

Изминатата седмица доаѓаа спротиставени изјави од Киев во врска со натамошното задржување на украинските сили во Бахмут, откако изминатите два месеца многумина западни воени аналитичари предупредуваа дека во борбите за градот украинската војска загубила премногу припадници од своите борбено најподготвени единици, потсетувајќи дека САД уште пред два месеца го советуваа претседателот Володомир Зеленски да ги повлече тие единици од Бахмут и да ги сочува за најавената пролетна офанзива.

Во четвртокот Серхи Рахманин, член на комисијата за национална безбедност, одбрана и разузнавање на Врховната Рада (украинскиот парламент) изјави дека ситуацијата во Бахмут е „критична“ за украинската војска. Според него, од воен аспект „нема смисла да се брани“ градот „по секоја цена“. Рахманин потврди дека руските сили всушност ги прекинале сите правци за снабдување на украинските групации. Но ден претходно украинската заменичка на министерот за одбрана Ана Малјар објави дека Киев решил во Бахмут да испрати нови единици со намера да ги исцрпи руските сили за натамошен продор кон централна Украина.

Во блиските градови и села јужно од Бахмут ископани се нови ровови покрај патот оддалечени 20 до 40 метри, што се смета за знак дека украинските сили ги јакнат одбранбените позиции.

Бахмут се наоѓа на 55 километри североисточно кон централна Украина од милионскиот град Доњецк, во северниот дел од истоимениот регион крај местото Горловка. Станува збор за важен логистички центар за украинската групација војски во целата област Донбас. Бахмут се наоѓа и на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, а од нив се отвора простор за руско напредување кон централна Украина.