Поранешниот претседател на Киргистан им се предал на силите за безбедност

Поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбајев им се предал на силите за безбедност, соопштил член на неговиот штаб.

“По долготрајни преговори одлучи да се предаде, го одведоа кон Бишкек. Со него се неговите советници Фарид Нијазов и Кондуз Жолдубајев”, рекол претставник на штабот на Атамбајев.

Адвокатот на Атамбајев, Сергеј Слесарев рекол дека не знае каде е однесен неговиот клиент.

“Не знам каде го носат. Се наоѓам надвор од обиколеното подрачје. Најверојатно го носат во Државниот комитет за национална безбедност, а не во затворска самица. Меѓутоа, судејќи по тоа како се развива ситуацијата, тешко е да се претпостави било што”, рекол Слесарев.

Специјалните служби на Киргистан на 7-ми август почнале операција за апсење на поранешниот претседател Атамбајев во неговата резиденциија во селото Кој Таш, на 20 километри од престолнината.

Тие против приврзаниците на поранешниот лидер, кои се обиделе да го спречат неговото апсење, употребиле специјални средства. Операцијата во првиот обид не успеала.

Во текот на 8-ми август судирите меѓу приврзаниците на Атамбајев и специјалните единици продолжиле. Бројот на повредени надминал 80, а еден специјалец загинал.

Лидерот на најголемата парламентарна партија на социјал-демократите во Киргистан, Атамбајев, му ја предал власта на својот наследник и најблизок соработник Соронбај Женбеков во 2017-та година по претседателските избори.

Набрзо после тоа против членовите на тимот на поранешниот лидер биле поднесени кривични пријави. На самиот Атамбајев му е одземен статусот на поранешен претседател, а тој е осомничен за низа кривични дела.

Поранешниот шеф на државата неколку пати изјавил дека сите обвиненија не негова смртта, како и на сметка на неговите соработници, се од политички карактер.