Поранешниот шеф на Мосад го предупредува Израел: Очекувајте влошување на односите со Москва

Поранешниот шеф на израелската разузнавачка служба Мосад, Дани Јатом, денес оценил дека би можела да се влоши кризата во односите меѓу Русија и Израел поради соборувањето на рускиот авион над Сирија.

Ова е почеток на тоа што би можело да биде многу сериозна криза со Русија. Руската војска има широк спектар на акции кои би можела да ги преземе, вклучувајќи и разгледување на лансирање на противавионски ракети на нашите авиони, рекол Јатон за израелското воено радио по објавувањето на рускиот извештај за инцидентот.

Москва за падот на авионот го обвинила Израел, дека ја измамил руската војска за планираната локација на својот напад од воздух покрај сирискиот пристанишен град Латакија.

Руското министерство за одбрана ги отфрлило наодите на израелската војска, и тврди дека израелските пилоти нападот во понеделникот навечер го извеле користејќи го рускиот авион како штит.

Израел тоа го демантирал неколку пати, обвинувајќи ја сириската војска за неконтролирано лансирање на противавионските ракети со кои бил соборен рускиот “Il-20” со 15 членови на екипажот.

Израелските медиуми коментираат дека со соопштението за вината на Израел, Москва застанала покрај својот близок сојузник Сирија, а аналитичарите наведуваат дека тоа би можело да ја ограничи способноста на израелската војска во таа земја да изведуваат операции против Иран.