Бруто- домашната потрошувачка на електрична енергија, во октомври минатата година, изнесуваше 663.003 мегаватчас, што во споредба со истиот период претходната година е пораст од 5,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествуваше со 33,3 отстои, додека бруто-домашното производство
со 66,7 отсто.
Во истиот период, вкупниот увозт на природен гас изнесуваше 4.316 мил.mn3 што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува раст од 16,7 отсто.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 50,2 отсто, додека финалната потрошувачка со 48,4 отсто.