![rems lion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/rems-lion.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Фидбалерите на Ремс дојдоа до втората победа до првите две кола на француското првенство откако во петокот вечерта на свој терен го совладаа Олимпик Лион со 1:0
Погодокот кој им ги донесе новите три бода на домаќините го постигна аргентинскиот интернационале Пабло Чавариа во 32 минута.
Во другите дуели од второто коло во сабота и во недела се среќаваат: Гингамп – ПСЖ, Амјен – Монпелје, Каен – Ница, Дижон – Нант, Монако – Лил, Ренс – Анжер, Стразбур – Сен-Етјен, Тулуз – Бордо и Нимс – Марсеј.