Порно филмовите им прават проблеми на мажите

Гледањето порно филмови може лошо да влијае на потенцијата на мажите кога треба да дојде до сексуален однос, покажало едно истражување.

Имено, за време на маструбација додека гледате порно филмови, вашата потсвест мисли дека навистина имате сексуални односни и реагира со лачење на допамин. Работата е во тоа што вам ви е овозможено да ја промените сцената или филмот, секогаш кога возбудата ќе ви опадне.

Од друга страна, гледањето на порно филмови не ги сумира сите аспекти од вистинското водење на љубов. Допирот, мирисот и емотивното поврзување се целосно исклучени, па може да ги збуни мажите кога ќе се најдат во реална ситуација, иако тоа не им е прв пат.

Истражувачите велат дека работата не е во тоа дека треба да се престане со мастурбација и гледање на порно филмови, туку укажува на тоа дека претерувањето може да има последици по реалниот сексуален живот.