Посебен сообраќаен режим поради протестниот марш „И ние сме деца на Македонија“

Посебен режим на сообраќај се воведува денеска во Скопје попладне од 15 до 17 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп. Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. 

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Како што најавија од коалицијата „Менуваме“, тие денеска ќе излезат на протестен марш пред Собранието под мотото „И ние сме деца на Македонија“, кој ќе се одвива од центарот на Скопје, до Владата. Членовите бараат социјална правда и достоинствен живот согласно член 118 од Уставот на РМ како и персоналните асистенти и негователите на лицата со попреченост кои требаше да ги добијат надоместоците. 

– Заложба за достигнување воедначен развој на целата територија на Македонија;Создавање услови за воспоставување и промовирање инклузивни настани и иницијативи што промовираат интеракција меѓу децата, лицата и нивните семејства со попреченост.Персоналните Асистенти и Негователите во секојдневниот живот,а со цел овозможување постојан и непречен пристап на фокусот за социјална правда и достоинствен живот, согласно Конвенцијата на правата на лицата со хендикеп на ОН од Уставот на Македонија член 118 : Пристап до сите Општини, здравствени установи, училишта, министерства, центри за социјална работа и друго во Републиката; Заложба за понатамошен развој и подигнување на степенот за изедначување на правата во законска пракса.