Посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“, поради најавен протест од приватните автобуски превозници закажан за од 6 часот.

Како што информира МВР, посебен сообраќаен режим ќе има од крстосницата на „Илинден“ со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со булварот „8 Септември“ и околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.