![Arena-Philip-II-Macedonia-MKmaps-promo-640x384](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/Arena-Philip-II-Macedonia-MKmaps-promo-640x384.jpg?resize=640%2C384&ssl=1)
СВР Скопје од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот кои се во непосредна близина на Градскиот парк поради вечерашниот фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија од 20.45 часот.
– Ќе биде ограничено движењето на возилата по следните улици кои водат кон фудбалскиот стадион: бул. „Илинден“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Аминта Трети“, ул. „Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион, соопшти МВР.
Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по наведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а во однос на пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат влезници за натпреварот.