Посетата на премиерот Никола Груевски на Обединетите Арапски Емирати и неговите средби беа ударно пренесени во емиратските медиуми, и во весниците и на телевизиите во заливската држава.
За средбата на македонскиот и емиратскиот премиер ударно на цела страница високотиражните и влијателни емиратски весници Al Bayan и Al Khaleej, известуваат со богата илустрација од фотографии.
Emarat Al Youm и Bussines Gulf News, кој се печати на англиски јазик и е особено влијателен во емиратската бизнис заедница, го потенцираат потпишаниот договор за избегнуваее на двојното оданочуваее како основа за продлабочуваее на економската соработка.
Емиратските медиуми даваат позитивна оценка за посетата и за средбите на владината делегација притоа истакнувајќи дека двете земји разговарале за унапредување на односите, особено во делот на економската соработка, информатиката, земјоделството, енергетиката и туризмот, како и за соработката на полето на инвестициите.
За посетата и за средбите, во ударните термини известуваа и националната емиратска и другите телевизии во Дубаи и Абу Даби.
Премиерот Груевски ја оцени посетата како позитивна, од која што како што истакна произлегуваат сериозни мозности за воспоставување на конкретна соработка на поголем број проекти и на дрзавни ниво и на ниво на бизнис заедниците од двете земји.