Од денеска, 15-ти ноември 2021 година, во дводневна официјална посета на Македонија ќе престојува командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ.
Целта на посетата на генералот Лавињ, кој е еден од двата највисоки стратегиски команданта на Врховните сојузнички команди на НАТО е учеството на финалната конференција за интеграција наМакедонија во структурите на НАТО и потпишување на заедничката декларација, која ќе се реализира во текот на утрешниот ден (16-ти ноември).
За време на посетата високиот воен претставник на НАТО по неговото учество на финалната конференција за интеграција на Македонија во структурите на НАТО која се одржува денес, во текот на утрешниот ден ќе оствари средби со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
По престојот во Министерството за одбрана и Генералштабот, генералот Лавињ ќе има средби со премирот Зоран Заев и со претседателот и Врховен командант на Вооружените сили Стево Пендаровски, каде на посебна церемонија, со генералот Ѓурчиновски ќе ја потпишат Заедничката декларација со која и формално Македонија ќе биде целосно воено интегрирана во НАТО