
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вообичаено во понеделникот донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 отсто во однос на Одлуката од 27.12.2021 година.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 како и на Еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денари за килограм и сега ќе изнесува 40,210 денари за килограм.
Од 4.01.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 75,00 денари за литар
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 77,00 денари за литар
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 65,50 денари за литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 денари за литар
Мазут М-1 НС 40,210 денари за килограм
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0, 217 %