Поскапувањата на цените на храната и на горивата би можело да покрене бран безредија, особено во групата економии во разгој со средни приходи, како што се Бразил или Египет, покажува извештајот на советодавната компанија Verisk Maplecroft.
Дури три четвртони од земјите со висока или екстремна опасност од безредија до четвртиот квартал годинава се земји со средни приходи, според дефиницијата на Светската банка, се наведува во извештајот на Verisk Maplecroft.
„За разлика од земјите со ниски приходи, тие беа доволно богати на граѓаните да им осигураат социјална заштита во времето на пандемијата, а сега имаат тешкотии со одржувањето на високата социјална потрошувачка, клична за животниот стандард на голем дел од населението“, се заклучува во извештајот.
Аргентина, Тунис, Пакистан и Филипини, исто така, се меѓу државите коишто треба да се следат следните шест месеци, велат авторите на истражувањето, поради новнаа голема зависност од увозот на храна и енергија.
На сличен притисок се изложени и Либан, Сенегал, Кенија и Бангалдеш. Авторите на извештајот, сто така, ги наведуваат Шри Ланка и Казахстан како примери за земји со средни приходи во кои годинава веќе беа сцени на безредија. Во Шри Ланка тензиите ескалираа поради растот на цените на храната и на горивата, додека обидот за вооружен политички преврат во Казахстан го искористи незадоволството од намалувањето на субвенциите за горивата кои се меѓу најевтиниет во светот.
Војната во Украина беше повод да скокнат цените на храната, кои во февраури и во март ги достигнале навјиските нивоа откако се следат овие податоц, се наведува во извештајот на Verisk Maplecroft и го истакнуваат остриот раст на цените на енергијата.
Овој заклучок е во согласнот со тврдењата на западните влади кои енормните скокови на цените на енергенстите и на храната ги оправдуваат со руско-украинската војна, иако иницијално растот на цените започна уште есента 2021 година со проблемите во снабдувањето со гас и историски рекордните цени на енергенсот. За тоа придонесуваат и жестоките најнови санкции коишто Западот ги воведе приотив Русија поради нејзината воена интервенција во Укаина.
Безредијата би можеле да го избришат потенцијалното закрепнување на стопанствата и да ги одвратат инвеститорите насочени на факторите на животната средина, општествата и управувањето (ESG), се наведува во извештајот на Verisk Maplecroft.
„Некои земји би можело да бидат заробени во маѓепсаниот круг, имајќи предвид дека влошените општествени и показатели на управувањето ги претвораат во изопаченици, попречувајќи го приливот на капитало потребен за подобрување на состојбата во економијата и за намирување на потребите на општеството“, пишуваат авторите на извештајот.
„Речението на судирот не е на повидок и глобалната криза на животните трошоци ќе продолќи и во добар дел од 2023 година“, се заклучува во извештајот.
Истражувањето покажало и дека повеќе од 50 отсто од речиси 200 земји опфатени со остражувањето биле сцени на зачестени безредија од избувнувањето на пандемијата на Covid-19.