Јапонскиот извоз пораснал во мај со најсилна стапка од крајот на 2022 година, благодарение на послабиот јен, објави во средата Министерството за финансии.
Извозот во мај е за 13,5 отсто поголем во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Министерството. Во април тој порасна за 8,3 отсто.
Скокот во мај го продолжи периодот на добри извозни резултати на шест месеци и е најголем од ноември 2022 година, врз основа на послабиот јен.
Во групата на главни трговски партнери, извозот во САД скокна за 23,9 отсто, а во Кина за 17,8 отсто во однос на ланскиот мај.
Вредноста на испорачаните возила, главниот извозен производ на Јапонија, се зголемил за 14,6 отсто. Уште поголем скок е забележан во категоријата машини за производство на полупроводници, и тоа за 46 отсто.
Послабиот јен се одразил и на јапонскиот увоз, чија вредност во мај е за 9,5 отсто повисока отколку во истиот период лани. Во април беше зголемен за 8,3 отсто.
Јапонија увезува најмногу минерални масла, со учество од околу дваесет проценти од вкупниот увоз. Во мај вредноста на увозот на нафтени деривати е за 40 отсто поголема од истиот период лани.
Така, билансот на јапонската трговска размена со странство покажува дефицит од 1,22 трилиони јени, нешто повеќе од двојно поголем од април.