Претставникот на Обединетите нации за Сирија, Лахдар Брахими, денеска за последен пат ќе се обиде да ги деблокира преговорите меѓу сириската влада и опозицијата во Женева, кои што западнаа во ќорсокак.
Брахими ќе посредува на последниот директен состанок на двете страни во втората рунда од женевските преговори во кои двете делегации разменуваат обвиненија за нивниот неуспех.
По пет дена од разговорите во Женева, за тоа на кој начин Сирија би требало да излезе од тригодишната граѓанска војна, тие се блокирани, а претставниците на претседателот Башар ал Асад ја обвинуваат опозицијата дека има „нереални“ барања, додека опозицијата навела дека властите не покажуваат никаква подготвеност да реагираат на предлозите.