Последната аудио-бомба открива кој дава „зелено светло“ за палењето автомобили низ земјата

Последните три години речиси немаше недела да не мине а билтенот на Министерството за внатрешни работи да не содржи информации за опожарени приватни возила, понекогаш и по неколку случаи во една ноќ, и како по правило досега не се откриени сторителите.

Еден од највпечатливите случаи беше кога во една вечер ланската пролет во автосервис во Скопје изгореа три возла, ден откако во Штип било опожарено возило на бизнисмен. Само минатата година, следејќи ги рубриките на црната хорника, се забележува дека десетици возила се опожарени во главниот град, а ниту еден од овие инциденти досега не е расветлен. Покрај тоа, многу често, ваквите инциденти претходно воопшто да не бидат објавувани во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, а медиумите да доаѓаат до информации од очевидци но и да остануваат без одговори од надлежните.

На  29-ти ноември 2018 година запалено беше возилото на поранешниот шеф на Управта за безбедност и контраразузнавање (УБК) од редовите на СДСМ, Миле Зечевиќ. Тоа се доведуваше во поврзаност со внатрепартиските пресметки меѓу социјалдемократите, односно расчистувањето на ткн „скопско крило“ блиско до поранешниот партиски лидер Бранко Црвенковски.

А токму во петокот беше објавена ауди-снимка на којашто Зоран Заев  објаснува дека тој ги исчистил сите луѓе на Бранко Црвенковски од СДСМ, а потоа објаснува колку капитал имал.

Штип, се чини, беше епицентарот на ваквите пресметки со подметнати пожари. Тами само во 2019 година изгореа дури 27 возила. За 12 од нив е утврдено дека се намерно запалени, за другите е во тек вештачењето. Расчистен  е само еден случај.

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој на должноста дојде на почетокот од годинава по предлог на опозцијата според законот за парламентарните избори, дека станува збор борба за превласт меѓу две конкурентски криминални групации над илегалниот пазар со дроги.

Сѐ уште не е познато, на пример, кои се мотивите за палењето на возилата на поранешниот престедател на СДСМ во Штип, Никола Тушев, кога освен неговиот настрада и автомобилот на неговиот татко и други три автомобил пакирани пред зградата.

Изминатиот период се случуваа многу „опожарувања“ на возила и автомобили на познати јавни лица, особено поврзани со бизнис-политичко-криминалното милје, кои не ги потврдуваа информациите, или тврдеа дека станува збор за самозапалување на нивите миленици на четири тркала.

Меѓутоа, денеска објавената „аудио-бомба“ во која се слушаат два гласа за кои се тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик на „СВ Инвест“, фирма која се доведуваше во корелација со семејството Заеви и една од добитниците на тендерите во РЕК Битола и блиска до Вице Заев и извесен Горан Димовски од Битола викан Тушникот и во која вториот се фали дека добил „зелено светло“ од Рашо, кој веројатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука јасно се поставува прашањето, дали Тушникот е дел од поголема група од подземјето која со аминување од семејството Заеви ги палеше автомобилите во изминатите две и пол години ширум државата.

За две опожарени возила во Скопје пишуваа медиумите во април 2017 година.

На 24-ти октомври 2019 година пет возила беа запалени во Штип, од нив три целосно се изгорени, а две делумно. Меѓу возилата кои целосно изгореле се двете возила на семејството Тушеви. Едното возило е на Никола Тушев, кој е поранешен претседател од огранокот на СДСМ во Штип, а другото на неговиот татко Мите Тушев. Тие се брат и татко на поранешната пратеничка од СДСМ Маринела Тушева. Возилата биле паркирани на различни места на паркингот.

На 27 декември 2019 за неполни 12 часа регистрирани се два случаи во кои се запалени автомобили во Скопје, на двајца различни бизнисмени на две различни локации во Капиштец и Влае.

На 18 август 2018 на улицата „Ваташа” во Битола непознат сторител истурил запалива течност врз предниот дел на патничко возило „тојота аурис” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.П. (74), по што го запалило.

Исто на 22.07.2017 година и во Прилеп беше запалено возило.

Ова се само дел од десетиците случаи во овие три години на опожарени возила.

За зачестените случаи пишуваше и Сашо Ордановски во 2017 година кога ваквите криминални активности ги поврза со агенција за обезбедување од еден град во јужна Македонија.

„Низ неколку скопски чаршиски друштва деновиве слушам различни варијанти на една иста сторија: во градот се појавила нова рекетарска банда која шета по дуќани, кафеани, кафулиња, бутки, бизниси и фирми и на нивните газди се обидува да им наметне нова „заштита“, како замена за досегашната, падната од власт „заштитарска“ шема. Дечкиве со дебели вратови, чиј млад газда, наводно, има впечатливи тетоважи „по целом телу“ – а како поинаку?! – се филијала на некаква лиценцирана агенција за обезбедување од внатрешноста на јужна Македонија. Чаршискиов наратив додава дека, во досегашниот ентузијазам на освојувањето на пазарот, новопечениве рекетари веќе имаат запалено неколку автомобили, подискршено некои инвентари низ градот и превземено разни други весели нешта коишто спаѓаат во описот на струката на овој вид битанги“, пишуваше своевремени и новинарот Сашо Орданоски.

За опожарените возила во јавноста имаше и анонимно сведоштво на припадник на полициската единица Алфи

„Како припадник на единицата Алфи изминативе неколку месеци низ градот сме сведоци како Вице Заев го презема скопското подземје и го става во својата бизнис мрежа. Имено во Скопје во изминатите месец дена се случија неколку случаи на рекетарство на видни локали и бизнисмени. Се рекетира сѐ живо и диво, а секој оној кој што ќе одбие да плати рекет се соочува со палење на автомобилот.

Ова е модус операнди на криминалната банда под директна контрола на Вице Заев, која што после палењето на автомобилите на сопствениците им упатува порака дека треба да бидат среќни што поминале само со материјалната штета.

„Мафијата за Вршење на Рекет“ почнува на оштетените да им нуди услугите на агенција за обезбедување ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ, и доколку нејзините услуги бидат одбиени тогаш настанува пеколот за сопственикиот на кафулето, фирмата или објектот. Оваа агенција засега воопшто не фигурира во регистерот на лиценцирани агенции за обезбедување во Македонија, иако се рекламра на интернет страната како самостојно правно лице кое дава услуги, туку се води како подружница на Агенцијата за обезбедување Гепард Секјурити од Струмица која во минатото беше санкционирана за затајување на данок преку прикажување на лажни сметководствени податоци“.