Српскиот и југословенски политичар и последен претседател на Претседателството на СФРЈ, Борислав Јовиќ, почина во понеделникот во Белград на 93-годишна возраст од последици на Covid-19, објавија белградските медиуми.
Јовиќ, кој беше и висок фунцкионер на Социјалистичката партија на Србија и соработник на Слободан Милошевиќ, починал во Военомедицинскиот центар на Карабурма, каде претходно бил примен со двострано воспаление на белите дробови предизвикано од инфекција со коронавирусот.
По дипломирањето на Економскиот факултет во Белград во 1952 година и докторатот во 1965 година, Јовиќ во карирата беше на различни високи државни должности, но ќе остане запаметен како претседател на Претседателството на СФРЈ во предвечерјето на распадот на тогашната Југославија, а потоа и како близок соработник на српскиот претседател Слободан Милошевиќ.
Роден на 29-ти октомври 1928 година, Јовиќ беше амбасадор на СФРЈ во Италија од 1975 до 1979-та, потпретседател на Скупштината на Србија во 1983-та, претставник на Србија во Претседателството на СФРЈ од 28-ми март 1989 гиодина, потпретседател на Претседателството на СФРЈ од 15-ти мај 1989 до 15-ти мај 1990-та, а потоа и претседател на СФРЈ до 15-ти мај 1991 година.
На 15-ти март 1991 година Јовиќ поднесе оставка откако Претседателството на СФРЈ како Врховна команда на Вооружените сили на СФРЈ на седницата од 12-ти до 15-ти март 1991 не го одобри предлогот на Штабот на Врховната команада на Вооружените сили за воведување воредна стојба во земјата, но тогашната Народна скупштина на Србија не ја прифати неговата оставка.
Потоа Јовиќ беше челник на Социјалистичката партија на Србија од 24-ти мај 1991 до 24-ти октомви 1992 година, заемнувајќи го на таа должност Слободан Милошевиќ, кој поради уставните ограничувања не можеше да ја извршуваа таа фунцкиај кога стана шеф на државата. Кога Милошевиќ се врати на чело на партијата, Јовиќ стана потпретседател на СПС и остана на таа должност до крајот на ноември 1995 година.