Починатата американска кантавторка Лиза Мари Присли сега почива крај својот татко Елвијс, „кралот“ на рокенролот, на неговиот легендарен имот Грејсленд во американската сојузна држава Тенеси, каде што во неделата стотици обожаватели и пријатели дојдоа на последното проштевање од неа.
Лиза-Мари Присли беше единственото дете на Елвис Присли и неговата сопруга актерката Присила Боле Присли.
Од раните утрински часови се формирале редици за учество на погребот во Мемфис, а многумина носеа цвеќиња и фотографии на музичарката која почина на 12-ти јануари на 54-годишна возраст, набрзо по итната хоспитализација по срцев удар во нејзиниот дом во Калабасас во Калифорнија.
Погребниот обред заврши со процесијата до „Градината на медитацијата“ во Грејсленд, каде се и гробовите на Елвис Присли, на членовите на неговото семејство, а сега и на неговото единствено дете.
На сцената на којашто беше поставена голема фотографија на Лиза Мари Присли, пејачот на Smashing Pumpkins Били Корган, потоа Аланис Морисет и Аксл Роуз, лидерот на Guns N’Roses, се простија од музичарката. Проштално обраќање имаше и британската војвотка од Јорк, Сара Фергусон. Потоа хор изведе духовна песна.
Семејниот имот Грејсленд, каде што Елвис Присли е најден во бесвесна состојба во 16-ти август 1977 година, денес е претворено во музеј и секојдневно го посетуваат стотици туристи и обожаватели.
Лиса-Мари до смртта беше сопственик на Грејсленд, а ја поседуваше и управуваше со неизмерно профитабилната компанија „Elvis Presley Enterprises“ до 2005 година, кога го продаде целиот бизнис.
Лиза Мари имаше четворица сопруга, меѓу кои холивудскиот актер Николас Кејџ и поп-иконата Мајкл Џексон. Имаше и четири деца, меѓу кои и актерката Рајли Киу и нејзиниот син Бенџамин Киу, кој изврши самоубиство во 2020 година, а сега ќе почива крај него.
Во текот на кариерата издаде три албума, но не нималку не успеа да постигне успех како нејзиниот татко, еден од најславните музичари на сите времиња.