Секој петок готвиме посно во кујната на Нетпрес, а денеска на менито се риба со лук и вино, а за десерт слатки колачиња со алва, урми и кикирики.
Потребно:
1 кг ослич
1 лажица јадра сол
½ китка сецкан магдонос
1 главица сецкан лук
1 чаша бело вино
1 филџанче вода
6-7 лажици маслиново масло
Подготовка:
На рибата и се лупи кожата, се мие и се реди во тава.Врз нив се става јадрата сол, сецканиот магдонос, сецканиот лук, белото вино, водата, маслиновото масло. Се печи на 200 степени 1 час. Во текот на печењето еднаш ги превртуваме.
Послужете ја со посна салата од компири или свежа салата.
А за десерт слатки посни колачиња.
Потребно:
500 гр кикирики, испечени без сол, излупени, сецкани
250 гр урми сецкани
250 гр таан алва (изгмечена)
125 гр маргарин
100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Маргаринот и чоколадото се топат на тивок оган и се чека малку да проврие па се тргаат. Во нив се додаваат таан алвата, сецканите урми и сецканите кикирики. Кикириките се додаваат додека не се згусне смесата, да биде тврда за формирање топчиња. Се формираат бомбици и се валкаат во сецкани кикирики или кокос.