Во центарот на Скопје на кејот на реката Вардар денеска, во организација на Бугарскиот културен клуб, повторно е поставена спомен-плоча во чест на Мара Бунева. Претходно, во црквата „Свети Димитрија“ беше организирана панихида во нејзина чест.
Покрај претставници Бугарскиот културен центар на панихидата и поставување на обележејто присустуваат и бугарски државјани.
На 13-ти јануари се навршуваат 86 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во Скопје. По атентатот Бунева се самоубила.