Постигнат договор за подигнување на границата за задолжувањето на САД

Во американскиот Конгрес во четвртокот е постигнат договор за подигнување на границата на задолжувањето, објави лидерот на демократите во парламентот Чак Шумер, со што ќе се избегне потенцијалното катастрофалната ситуација во која државата не би можела да ги плаќа доспеаните обврски.

Договорот, кој е постигна по долгите преговори меѓу демократите и републиакнците, ќе ѝ овозможи на водечката светска економија да избегне на 18-ти октомври да се најде во ситуација кога нема да може да ги сервисира обврските, како што процени министерството за финансии.

Највиската граница за задолжување на САД е фиксирана на малку повеќе од 28 милијарди долари. Соединетите држави претходно многупати ги зголемуваа овој фамозен плафон за државата да не остане без пари. Најчесто се се случува во времето на мандатите на демократските претседатели, но до мандатот на Барак Обама републиканците ова прашање го користат и како инструмент за полички притисок.