
Повеќе до 130 земји во светот се согласија во петокот со измените на начинот на кој ќе бидат оданочувани големите компании, што вклучува 15 отсто минимален корпоративен данок со цел да се спречат мултинационалните корпорации да го кријат профитот во ткн даночни раеви.
Договорот се доживува како пресвртница во корпоративното оданочување. Големите компании ќе плаќаат минимално 15 отсто даноци и се смета дека ќе им биде потешко да го затајуваат данокот.
Преговорите беа водени четири години, со силна поддршка и залагање изминатата година од американскиот претседател Џо Бајден. Трошоците врзани со пандемиската криза последните месеци, исто така, придонесоа дополнително за договорот.
„Воспоставувањето, првпат во историјата, на силен глобален минимален данок, конечно ќе ги израмни условите за американските работници и даночни обврзници, заедно со остатокот од светот“, се истакнува во писмената изјава на претседателот Бајден.
Договороте постигнат меѓу 136 држави кои претставуваат 90 отсто од светската економија, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОECD), која беше домаќин на преговорите. Четири членки на организацијата: Кенија, Нигерија, Пакистан и Шри Ланка, не се придружија на договорот.
Од OECD истакнуваат дека минималниот данок ќе донесе приход од околу 150 милијарди американски долари.
Договорот би требало да ги спречи големите компании да бележат добивки во земјите со мали даноци, како што е на пример Ирска, без оглед на тоа каде се наоѓаат нивните клиенти, што стануваше сѐ поитно прашање со растот на ткн Big Tech гиганти коишто лесно може да работат и надвор од границите на матичните земји.
„Денеска направивме нов важен чекор кон поголемата даночна справедливост“, изјави германскиот министер Олаф Шолц, можен иден канцелар.
Аналитичарите наведуваат дека овој договор претставува обид да се контролираат начините на коишто глобализацијата и дигитализацијат ја менуваат светската економија.