Построги казни за педофилија, силување и за криумчарење нелегални мигранти вклучуваат, меѓу промените во Кривичниот законик на Грција, за кои денеска расправа грчкиот Парламент, а во вечерните часови се очекува да биде и гласањето.
Министерот за правда на Грција, Константинос Циарас истакна дека со измените, намерата на Владата е да ги обедини, а не да ги подели граѓаните. Тој додаде дека претходната влада, ден пред да затвори Парламентот направи промени во Кривичниот законик кои создадоа нејасности, но и загриженост.
Меѓу другото, во измените, со амандман е вклучена и можноста за употреба на нелегално стекнат доказен материјал во случај кога се работи за дела од кривичен карактер што во надлежност на обвинителот за економски криминал или на обвинителот за корупција.