Британската Конзервативна партија ќе го има апсолутното мнозинство во новиот состав на британскиот парламент, што на премиерот Борис Џонсон ќе му овозможи да го спроведе излегвуањето на Обединетото Кралство на 31-ви јануари како и што вети, коментираат ноќта кон петокот медиумите на Островот повикувајќи се на податоците од излезните анкети.
Проекциите сугерираат дека „ториевците“ во парламентот со 650 места ќе освојат 368 мандат, 50 повеќе отколку на изборите во 2017 година, кога ги распиша поранешната премиерка Тереза Меј во обидот да дојде до стабилно мнозинство, но претрпи неуспех и мораше да се потпира на поддршката на ултраконзервативна северноирска унионистичка партија DUP.
Премиерот Борис Џонсон кампањата ја фокусирашпе само на едно пршање: завршување на процесот на брегзитот на 31-ви јануари. Неговиот главен ривал, лабуристичкиот челник Џереми Корбин, на гласачите им нудеше нов референдум за брегзитот доколку победи.
„Се надевам дека вечерва ќе славите. Вие ја изнесовте оваа кампања. Без вас ова не ќе беше возможно“, напиша во електронска порака премиерот Борис Џонсон кој во последните часови од гласањето ги мотивираше конзервативните приврзаници со порака дека „лабуристите имаат голем одѕив“ на нивните приврзаници.
„Ова е фантастична победа на Конзервативната партија и на Борис Џонсон. На Џонсон целосно му се исплатеше коцкањето на изборите. Ова е апсолутно драматична победа“, коментираше донеодамнешниот претседател на парламентот Џон Беркоув.
Лабуристичката партија, според проекциите, ќе освои 191 мандат, што претсевува губење на 71 пратени споредено со предвремените избори во 2017 година. Воедно тоа е нивниот најлош изборен резултат од 1935 година.
„Ќе ги видиме резултататите наутро и тогаш ќе носиме одлуки“, изјави лабуристичкиот министер за финансии во сенка Џон Мекдонечл. Тој одговори на новинарско прашање дали ова претставува крај за Џереми Корбин на чело на партијата.
Шкотската национална партија (SNP) освојува 55 мандати, а либералните деморкати ќе имаат 13 пратеници. Шкотската премирка Никола Старџен е задоволна од резултатот на партијата, која загуби само во четири изборни единции во Шкотска. Резулатите на вкупно британско ниво, пак, ги оцени како „страшни“.