Потопло со утринска магла и повремен дожд

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, a преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена, а во западните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура е во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне со услави за појава на слаба магла, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.

За време на викендов по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Утре облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови пораст на температурите и топење на снежната покривка.