Потпретседателот на СДСМ го одмолча новинарското прашање дали партијата го загрозила здравјето на граѓаните

Вечерва во емисија „Топ Тема“ имаше вклучување Коста Петров, кој избегна директно да одговори на прашањето на новинарката Снежана Лупевска Созен дали негвата партија СДСМ и натаму ќе да дели предизборни летоци по денешната бројка на заразени од коронавирусот.

Малку претходно беше објавено дека цела пратеничка листа на СДСМ, односно 20 лица, во Втората изборна единица оди во изолација, откако беше објавено дека претседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, е позитивен на Covid-19. Претходно носителите на листата за пратеници на владејачката партија, техничкиот премеир Оливер Спасовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, потврдија дека одат во домашна изолација, откако во неделата во Куманово на граѓаните им делеа предизборен материјал и флаери во кои беше наведено дека е „добиена битката“ со коронавирусот.

„Ќе препорачате ли уште една ваква средба со граѓаните, мислите дека е добро, сега ве прашувам како експерт пи-ар, не ве прашувам како потпретседател, да и како човек. Дали мислите дека вака треба и понатаму да се оди низ градови, да се делат летоци во една ваква ситуација на 89 заразени? И дали Вие ќе отидете да поделите летоци?“, праша Лупевска.

„Видете, да се разбира, го разбирам и прашањето, бројките за жал не се тоа што треба да бидат. Досега требаше да се намалат бројките. Се надевам дека оваа бројка што расте дека нема да продолжи. Мојот апел е дека сите треба да се адаптираме, да ги почитуваме протоколите. Факт е дека ќе мора да се навикнеме на ова. Факт е дека сите се адаптираме, се адаптира бизнисот, се адаптираат луѓето, ќе се адаптираат и политичките партии. Најважно е да ги почитуваме протоколите, мислам дека тоа е апсолутно правило за сите граѓани и политички партии“, одговори Петров.

„Со оглед на фактот дека имав контакт од дистанца со Мухамед Зекири, би сакал да ве известам дека денес се тестирав и јас и тестот е негативен. Препораките на епидемилозите кои се наделжни и чии препораки треба сите да ги почитуваме се дека не треба да сум во самоизолација. Своите обврски продолжувам да ги вршам со вообичаеното темпо“, напиша Петров.