Потрагата заврши, Тијана пронајдена мртва

Министерството за внатрешни работи го пронајде телото на исчезнатата 15 годишна Тијана Јуриќ, а лицето кое е осомничено за нејзиното киднапирање и убиство е уапсено, потврдуваат за Б92 од врвот на министерството.

Се претпоставува дека девојката е убиена истата ноќ кога е киднапирана, а нејзиното тело е закопано недалу од Сомбор, на место кое не е населено.

Убиецот е месар од Сурчин, кој тој ден бил во посета на пријатели во Бајмок. Уапсениот во моментов се наоѓа во притвор во Белград.

tijana-juric-1407270562-546537

Осомничениот по апсењето и повеќечасовното испитување, признал дека го убил девојчето и ја однел полицијата на местото каде ја закопал. Веднаш потоа полицијата започнала со откопување на телото на кое во моментов се извршува обдукција. Местото каде е пронајдено телото е депонија, покрај стариот пат кој не е во функција со години.

Осомничениот е уапсен синоќа околу 22 часот, а до него е дојдено по сослушување на повеќе од стотина лица.

tijana-juric-igor-juric-1407279987-546631

Тијана последен пат е видена на 26-ти јули, 25 минути по полноќ, недалеку од Скопртскиот центар „Рата“ во Бајмок. На неасфалтираниот дел од патот се пронајдени предмети, кои според нејзината мајка, и припаѓаат на Тијана.

Полицијата се сомнева дека таа е убиена недалеку од спортскиот центар, непосредно по киднапирањето, а потоа однесена во близина на Сомбор каде е закопана. Тоа место се наоѓа на 23 километри од Бајмок.

140876464553df4285c1be1056123493_orig

Веднаш по исчезнувањето на Тијана, во потрагата покрај српската и унгарската полиција, се вклучиле и Европол и Интерпол, како и меѓународниот сајт посветен на исчезнати деца во Европа.

Највисоките лица во српската полиција, потрагата за Тијана Јуриќ, ја назначија како „приоритет над сите приоритети“.

За решавање на овој случај биле ангажирани најмалку 100 припадници на српското МВР од Суботница, Белград и други места.

Во Бајмок во текот на ноќта пристигнале и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.

За денеска во 10 часот, министерот најави пресконференција на која ќе се соопштат детали поврзани со овој случај.