Потребна е единствена македонска опција

САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА Е МОЖНА ДОКОЛКУ ИМА СВОИ НЕЗАВИСНИ И САМОСТОЈНИ ЛИДЕРИ.

Денес Македонија де факто и де јуре е окупирана држава, бидејќи и по 26 години од нејзиното осамостојување не се изнедрија од неа вакви лидери. Дури, некои и не се изјасниле бидејќи биле спречени да стигнат до државните институции. Во тој контекст квинслиншката партиска елита која целовремено управува е ригорозна. Па, оттаму и малата патриотска партија како што е „Народно движење за Македонија“ со проф. Јанко Бачев беше превентивно одбиена да учествува на изборите од 11 декември. Револтот на македонскиот народ од предавништвото на владејачките елити беше изманипулиран и смируван преку подметнати „лидери“ на ГДОМ и „Заедничка Македонија“.

ЦЕЛТА НА ОВИЕ КУПЕНИ ЕЛИТИ ОД ЗАПАДОТ Е МИРНО УНИШТУВАЊЕ НЕ САМО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, ТУКУ И НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ЗАТОА И МАКЕДОНИЈА Е ПРВАТА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ, КОЈА КАПИТУЛИРА БЕЗ СПРОТИВСТАВУВАЊЕ, ПА НИТУ ЕДЕН ФУНКЦИОНЕР, ВО НИТУ ЕДНА ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА – НИЕДЕН ПОЛИТИЧАР НЕ СЕ ПОБУНИ, НИ МИНИСТЕР, НИ ПРАТЕНИК, НИ ГРАДОНАЧАЛНИК, НИ СУДИЈА, НИ ДИРЕКТОР НА ОБРАЗОВНА, КУЛТУРНА И НАУЧНА УСТАНОВА. ТАКА ВО МАКЕДОНИЈА БЕШЕ НАПРАВЕН УСПЕШЕН ЕКСПЕРИМЕНТ ЗА ЦЕЛОСНА КАПИТУЛАЦИЈА НА ДРЖАВАТА ПРЕКУ СИТЕ НЕЈЗИНИ ПРЕТСТАВНИЦИ.

Во изминатите години се дискутираше за потреба од „трета опција“ како алтернатива на монополизмот на СДС и ВМРО-ДПМНЕ. Таква опција не успеа, затоа што Е ПОТРЕБНА НЕ „ТРЕТА“, ТУКУ ПРВА ОПЦИЈА. ОПЦИЈА – НАЦИОНАЛНО-МАКЕДОНСКА. ОПЦИЈА – ЕДИНСТВЕНА.

Идиотизам е македонските политичари да пропагираат за обединување на македонскиот народ, кога токму политичарите-партијци го поделија. Затоа македонското обединување МИНУВА ПРЕКУ ИСФРЛАЊЕТО НА ПАРТИСКИТЕ ЕЛИТИ, НА ПАРТИСКИТЕ ФЕУДАЛЦИ, НА ПАРТИСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ.

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА ПОЧЕТОК ВО ДЕНЕШНА ОКУПИРАНА МАКЕДОНИЈА?

Според светскиот државник Фидел Кастро („Разговори со Фидел“ од Игнасио Рамоне – директор на „Монд дипломатик“) на окупирана земја за почеток и се потребни 10–12, а понекогаш само 3–4 автентични и цврсти патриоти со визија и храброст.

Меѓу тие луѓе, како и во проширеното раководство на македонското движење за ослободување,  НЕ СМЕЕ ДА ИМА НИТУ ЕДЕН КОЈ ДОСЕГА УЧЕСТВУВАЛ ВО УПРАВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА, КОЈ БИЛ И Е ПАРТИСКИ ФУНКЦИОНЕР ОД ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ И ОРГАНИЗАЦИИ. НИТУ ЕДЕН ШТО ЈА ИМА МЕНУВАНО ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ ЗА КАВИ БИЛО БЕНЕФИЦИИ.

ПРВА ЦЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ Е…