ПРВА ЦЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ Е ОТФРЛАЊЕ НА СИТЕ АКТИ ДОНЕСЕНИ ОД ПРЕТХОДНОТО И СЕГАШНОТО МАКЕДОНСКО СОБРАНИЕ, КАКО И НА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАДИ, ШТО СЕ ШТЕТНИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ.
ВТОРА ЦЕЛ Е ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКО КОНСТИТУИВНО СОБРАНИЕ ЗА НОСЕЊЕ НА НОВ МАКЕДОНСКИ УСТАВ, ВО КОЈ СЕ ПОТЦРТУВА:
а) името на државата Македонија е за внатрешно и за меѓународно користење и се забранува менување на тоа име на кој било начин (преку менување на Уставот, референдум итн.), како и забрана за додавки, претставки, дополнувања и одземања од него. Со други зборови, менувањето на името Македонија станува табу како за денешните, така и за идните генерации.
б) определба дека Македонија е држава на македонскиот народ, а малцинствата во неа ќе ги уживат истите права на реципроцитетен принцип како македонските малцинства надвор од македонските државни граници.
в) определба дека Македонија е унитарна држава, а службен јазик на целата нејзина територија е македонскиот литературен јазик.
г) определба дека Македонија како самостојна и суверена држава се раководи единствено од интересите на македонскиот народ и тие интереси и законите кои им одговараат имат приоритет во однос на странските договори и организации, во кои државата влегува. Со еден збор, македонскиот суверенитет е целосен и полн во однос на меѓународните фактори.
д) враќање на афтентичното македонско знаме – Сонцето со 16 зраци.
ѓ) поддршка на македонските национални малцинства во соседските држави и на македонската дијаспора во светот.
е) определба дека македонските граѓани имат не само права, туку и обврски да ја бранат Македонија, а меѓу казните за велепредавство ќе биде и одземање на македонското државјанство.
ж) скратување на бројот на пратеничките мандати од 120 на 60, во кој број задолжително би влегле претставници од македонската дијаспора; регулирање на можноста за отповикување на пратеници.
з) фиксирање – платата на македонските пратеници да е во сооднос со просечната македонска плата; единствено претседателот на Собранието, претседателот на Владата и претседателот на Државата да можат да примаат 10 насто повеќе.
ѕ) активно управување на Македонија преку локални и национални референдуми по сите клучни прашања поврзани со општините и со државата.
УШТЕ НА ПОЧЕТОК ВО ПРОГРАМАТА НА МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ДРЖАВАТА МОРА ДА БИДЕ НАВЕДЕНО ИЗЗЕМАЊЕ ОД ЧЛЕНСТВО ВО НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ КОН МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗАЦИИ И СТРУКТУРИ КАКО НАТО И ЕУ. НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКАТА ОРИЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС И ВО ИДНИНА МОРА ДА БИДЕ КОН ДРЖАВИТЕ ОД БРИКС, КОН ВОЕНИ, ЕКОНОМСКИ И ТРГОВСКИ СОЈУЗИ СО РУСИЈА И КИНА СО ГАРАНЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ И НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ И ДРЖАВНИ ИНТЕРЕСИ.