![vucik](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/vucik.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера гостуваше во емисијата „Фокус“ на Б92 и по тој повод раскажа шокантна приказна за смртта на својот пријател.
Како што рече српскиот претседателот, неговиот пријател се расправал и се карал со него поради коронавирусот и на крајот се заразил.
-Еден мој пријател кој е помлад од мене, ми се јави и рече: Јас ќе умрам од корона и се извини дека се расправаше со мене во врска со короната. Тој почина, рече српскиот претседател.
Тој откри дека во среда ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус и повторно ги повика луѓето да се вакцинираат.
-Да не си играме со здравјето. Набавивме и лек кој чини 400 долари затоа што сакаме да спасиме луѓе, апелираше српскиот претседател Вучиќ.