![zaev-sekerinska1-93156](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/zaev-sekerinska1-93156.jpg?resize=696%2C375&ssl=1)
Социјалдемократите на предвремените парламентарни избори на 12-ти април, ќе истрчаат предводени од тандемот Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, и со кадри кои се потрошија за кратко време на политичката сцена.
Иако Заев најавува трансформација на партијата, таа се состои во прв ред во етничкото рекомпонирање на СДСМ, а не во давањето можност на нови кадри, кои вистински ќе бидат олицетворение на модерни европски политичари, освен голата фразеологија кога се повикуваат на вредностите во развиените демократии. Социјалдемокраите покажуваат дека немаат сила да го променат начинот на настап, вклучително и понудата пред избирачите, и да се отргнат од транзициските кадри. Првенствено тоа се однесува на тандемот Заев – Шеќеринска, кој го доживеа убедливиот изборен дебакл во 2008 година, а не успеаја да извојуваат победа ниту во 2016 година и покрај невидено скапа кампања против тогашната власт.
Меѓутоа, многу јасно е дека Заев ја стокми СДСМ само според својот урнек, опкружувајќи се со кадри коишто, барем во партиските редови треба да го градат неговиот култ на личност. За успех на изборите, пак, ќе се потпира врз Потемкиновите села што ќе ги градат медиумите под негова контрола, и притисокот врз оној дел од медиумската сфера кој не е директно под негова контрола.
Станува збор за реликти на СДСМ од периодот на транзицијата, блед обид за имитација на еден период од глумењето демократија и ставањето на целото општество во заложништво и целосна контрола. Всушност станува збор за неспособност да се осмисли кампања којашто, поради катстрофалните резултати од изминатите три години, фокусот ќе го има во областите кои се важни за граѓаните освен излитените фрази за евроатлантските интеграции. Токму поради тоа, кампањата на СДСМ се сведува на упорноста најголемиот опонент ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како партија која не успеала да се трансформира.
Меѓутоа, колку СДСМ (не)успеала да се промени, што значи дека не успеала да привлече нови кадри како понуда на изборите, доволно говорат и сѐ позачестените споменувања во јавноста дека како носител на листата покрај двоецот губитничкиот двоец Заев – Шеќеринска, се споменува и министерот за здравство Венко Филипче. А неговиот мандат целосно е одбележан со низа скандали и големи корупциски афери.
Покрај тоа, забележливо е и форсирањето во предкампањата на Мила Царовска. Поранешната министерка за труд и социјална политика, којашто не може да се пофали со ниеден проект кој е од вистинска корист за граѓаните.