6.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Потврден случај на Ковид-19 ги стави во изолација сите 200 вработени од конфекција во Прилеп

Една текстилна компанија од Прилеп е затворена и сите вработени се ставени во самозилација поради заразување со корона вирус на една 59 годишна вработена. Надлежните не кажаа во моментов каде точно се наоѓа жената, дали во домашни услови или е хоспитализирана. Иако официјално бројките не беа соопштени неофицијално станува збор за околу 200 вработени во самоизолација, според изјавите на самите вработените кои сега се дома. Исто така денеска во Прилеп се потврдении два нови случаии со корона вирус со што вкупниот број се искачи на 12.

„Станува збор за маж и жена на возраст од 61 и 64 години. Во моментот се работи на епидемиолошка анкета и сите контакти со кои што биле тие двајца. Сите 4 новопотврдени случаи не се поврзани со првопотврденото жариште“, потенцираше Драгица Николоска, директор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Денеска и последниот од тројцата пациенти кои беа со корона вирус хоспитализирани во Прилеп ќе биде пратен во Скопје поради влошување на состојбата. Станува збор за повозрасни пациенти.

„Сите се повозрасни луѓе, сите беа над 65 години, со срцеви проблеми, со хронични белодробни проблеми“, рече Драган Богоески, директор на Општа болница Прилеп.

Според препораките Здравствениот дом од Прилеп деновиве требада отвори уште два нови пунктови за тестирање на корона вирус.

„Еден од вработените во Здравствен дом е моментално во самоизолација, затоа што беше во контакт со посочените позитивни пациенти. Се уште трае изолацијата, една недела веќе помина. Вработената е лаборант, нема никакви симптоми“, изјави Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп.

Инаку од денеска повторно е отворен градскиот пазар во Прилеп, поради како што рече градоначалникот гужвите во пиљарите ии недисцплината на граѓаните. Пазарот ќе работи со заострени мерки и контроли.

ИЗВОР: СИТЕЛ.МК