Потврдено – се разделија Шакира и Пике

Светски прославената колумбиска пејачка Шакира и играчот на каталонскиот фудбалски гигант Барселона, Жерард Пике, објавија во саботата дека се разделуваат по врската којашто траеше од 2010 година.

Ѕвездената двојка којашто го привлекуваше вниманието на медиуми каде и да се појавеше, има две деца а причината за разделбата според пишувањата на таблоидите, е неверството на фудбалерот.

„Жалиме што мораме да потврдиме дека се разведуваме. За доброто на нашите деца, кои ни се приоритет, сакаме почитување на нашата приватност“, напиша двојката во заедничкото соопштение за јавноста.

Четириесет ипегодишната Шакира и десет години помладиот Пике официјално заедно се од 2011 година, а се започнаа малку пред Светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република, кога фудбалерот настапуваше во спотот за нејзината песна „Waka Waka (This Time for Africa)“, официјалната песна на мундијалот.

Според шпанските таблоиди, причина за разделбата на славната двојка е наводното неверство на Пике. Според весникот El Periodico, фудбалерот почнал да се гледа со 20-годишна студентка и водителка на јавни настани во Барселона. Нејзиниот идентитет досега не се открива, но таблоидот објави дека Пике веќе подолг период живее во засебен стан.

Шакира, пак, се соочува и со судски процес поради обвинувања за наводна даночна измама во Шпанија, а обвинителството тврди дека не платила даноци во износ од 14,5 милиони евра.