Вооружените сили на јеменското бунтовничко движење „Ансар Аллах“ на шиитската заедница Хусити поддржани од Иран, извршиле напад врз камп за обука на јеменските владини сили кои ги поддржува синитската коалиција предводена од Саудиска Арабија, во северниот град.
Според информациите на телевизијата Al Arabiya, загинале најмалку 60 војници. Претходно неименуван јеменски воен узвор рекол дека во нападот врз касарната во североисточната провинција Мареб биле убиени 24 војници, а уште 20 биле ранети.
„Дваесет и четири војници загинаа, а 20 се повредени во ракетен напад врз касарна за регрути во обласа Ал-Млил, на севеисточната провинција Мареб. Се претпоставува дека станува збор за балистички проектил“, рекол соговорникот на агенцијата.
Сателитиската телевизија Al Jazeera, повикувајќи се на локалните болнички извори, пренесува дека во нападот биле ранети десетици војници. За загинати во извештајот не се споменува, како и за други поединости од нападот.
Телевизијата Al Ekhbariya, пак, повикувајќи се на своите медицински извори, јавува дека во нападот загинале најмалку 40 воени лица, додавајќи дека уште десетици други се повредени.
Бунтовниците од движењето „Ансар Аллах“ досега не ја преземаа одговорноста за ракетирањето на касарната на војската на јеменската влада, но познато е дека тие често користат балистички проектили од иранско производство за ракетирање цели во соседна Саудиска Арабија.
Една од најсиромашните арапски земји Јемен во 2014 година влезе во граѓански конфликт меѓу шиитските бунтовниици Хути (Хусити) и нивните сојузници војската лојална на поранешниот претседател Али Абдал Салех, против сунитската влада која ја поддржува Ријад а ја обвинуваа дека не сака да се справи со јеменската мрежа на Ал Каеда кој се прошируваше на северот од земјата. Саудијците стравуваат дека Хутите кои ја контролираат престолнината Сана и неколку важни пристаништа, ќе му овозможат на Иран стратешки пристап на Арапскиот полуостров.
Конфликтот се разгоре откако во март 2015 година коалицијата на арапските сунитски земји предводена од Саудиска Арабија, на којашто ѝ се придружија Бахреин, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати а поддршка добија од Египет, Јордан, Мароко, Пакистан и Судан, ја започна операцијата „Бура на решителноста“, против шиитските јеменски бунтовници.
Конфликтот доведе до најголемата хуманитарна криза во светот, во кој според порадоците на ОН над 24 милиони Јеменци, околу 80 отсто од населението, имаат итна потреба од хуманитарна помош, а бројот на внатрешно раселените лица надминува 3 милиона.