![makedonija_iseluvanje](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/makedonija_iseluvanje.jpg)
Сонот за подобро утре, ја празни Македонија. Изминатите неколку месеци Македонија има 215.000 помалку работоспособни население, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Имено, според податоците од Државниот завод за статистика споредбено крајот минатата 2021 година во табелата за работноспособно населени се запишале вкупно речиси 1.682.000 граѓани, додека сега според податоците за првиот квартал од 2022 година во работноспособно население се вбројуваат 1.467.000 граѓани, односно тоа покажува дека од државата се иселиле 215.000 лица, како вработени, така и оние кои активно бараат работи или се невработени.
Ако претходно трендот на иселување беше кај младите генерации, сега тоа е променето, спасот за подобра иднина и подобри услови за живот, поквалитетен и повисок животен стандард надвор од границите на Македонија, ја бараат и повозрасните генерации.
Причините за ова не мора да се бараат дополнително, доволно е да се направи едно истражување и јасно ќе увиди дека причините за ваквото иселување се пред сиромаштијата, ниските плати, немање работа, катастрофална економија, немањето на капитални инвестиции, лошото здравство, лошиот образовен систем, партизирана администрација, криминална власт, корумпирано судство и се разбира лошото менаџирање на економијата во делот на кризите, и владеење на власта, не само државата туки и со државните институции и органи.
Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес конференции неколку пати обвини дека заради криминогенсота и штетните политики на владата на СДСМ и колаицискиот партнер ДУИ граѓаните ја напуштаат државата.
„215.000 избегани затоа што нема нови фабрики. 215.000 иселени затоа што нема инвестиции. 215.000 раселени затоа што нема правдина за Модуларната и Автобусот на смртта! 215.000 помалку во Македонија. Егзодус на работоспособно население, заради криминал и корупција, затоа што нема развој, патишта, заради партизација и криминализација, затоа што Владата лаже дека во Македонија се живее како во Германија“, изјави Стоилковски од партиската говорница.
Но, и покрај сериозните обвинувања и тврдења дека Македонија се иселува, а без население нема ниту држава, ниту развиена економија, а ниту пак стабилен систем, се уште нема никаква реакција од страна на Државниот завод за статистика, ниту пак од владејачката СДСМ што само уште еднаш го потврдува горе напишаното, а тоа дека од Македонија масовно се иселуваат цели семејства.
Воедно, тука логично би се поставило прашањето, зошто владата на СДСМ и Државниот завод за статистика молчат и не реагираат? Од друга страна пак ниту премиерот на владата Димитар Ковачевски не кажува дали има воопшто стратегија и која е да се намали се помасовното иселување на граѓаните од државата, што дополнително остава впечаток дека најдобро што прават е дефокусирање на јавноста со дневно политички теми и напад врз политичкиот противник.
Мора да се спомне дека претходно речиси и не поминуваше ден без сега владејачката СДСМ да не одржи прес конференција и да не ја обвини тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека е виновна за се помасовното иселување, дури организираше и една акција кога Илинденска бб беше послана од чевли во знак на револт дека младите си одат од државата, сега истата таа влада не презема ништо во врска со ова, туку напротив дури во официјалниот податок на евроспката статистика Евростат покажув дека од државата во 2019та година кога СДСМ е на власт, се иселиле три пати повеќе луѓе за разлика од 2021та година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.
Граѓаните се повеќе губат надеж во ветувањата за живот во Македонија. Дури 75% од луѓето мислат дека државата се движи во погрешна насока и веројатно тоа е причината за ваквото драстично намалување на бројот на лица кои иднината ја гледаат во вакви услови тука во Македонија.