Повеќе од 65.000 луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија

Повеќе од 65 илјади луѓе избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија, повеќе од половина од населението на енклавата заземена од Азербејџан минатата недела, се вели во соопштението на ерменската Влада.

Баку го отвори Коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува енклавата со Ерменија, во неделата, четири дена по капитулацијата на сепаратистите и прекинот на огнот.

Цивилите почнаа да го напуштаат Нагорно-Карабах по пристигнувањето на азербејџанските сили.

Официјален Баку рече дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече дека Ерменците во Карабах се изложени на ризик од етничко чистење.