Повеќе од половината Русија веруваат дека нивната земја има најсилно односи со Кина, додека повеќе од две третини сметаат дека САД се најнепријателската земја, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот ВЦИОМ кои во средата ги објави агенцијата РИА.
Според ова истражување, 55 отсто од испитаниците веруваат дека Кинеа е пријателска земја на Русија, за 49 отсто тоа е Белорусија, за 22 отсто Руси ја сметаат Индија за најдобар руски партнер, за 17 проценти тоа е Турција а за 13 отсто најпријателска земја е Касахстан. Србија е најпријателска земја на Русија сметаат 11 отсто од испитаниците, а такво мислење за Иран имаат 10 отсто.
Спротивно, дека Русија има најзатегнати односи со САД сметаат дури 76 отсто од испитаниците во истото истражување. Во истата категорија 43 отсто испитаници сметаат дека во моментов најнепријателска земја е Украина, а 39 проценти таква ја сметаат Велика Британија. Дека Германија е непријателска земја веруваат 32 отсто, на Полска такво епитет отпаѓа 28 отсто, а следува Франција со 21 отсто. Во ова категорија се вброени и Летонија со 14 и Естонија со 11 отсто, а вкупно 10 отсто од испитаниците рекле ги ставиле во таа категорија вкупно сите земји од Балтикот.
Истражувањето на ВЦИОМ/Спутник бил спроведувано од 13-ти август меѓу 1.600 испитаници повозрасни од 18 години, според социодемографските параметри.