Од понеделник утрото до повеќе правосудни институции низ Хрватска пристигнале бројни заканувачки дојави за подметнати бомби, а во тек се полициски увиди и проверки на таквите пријави кои досега секогаш се покажувале како лажни, известува службената новинска агенција Hina.
Министерството за внатрешни работи соопштило дека низ цела Хрватска полицијата добила пријави за наводно подметнати експлозивни направи во зградите на правосудните органи, а на сите локации биле испратени полициски пиротехничари за да се провери веродостојноста на пријавите.
Полицијата најпрвин објави дека анонимните пријави поврзани со наводно поставени експлозивни направи во поголем број објекти/згради на правосудни органи на подрачјата на 18 од 20 полициски управи со седиште во Загреб, Сплит, Риека, Осиек, Славонски Брод, Вуковар, Бјеловар, Сисак, Вараждин, Задар, Дубровник, Шибеник, Карловац, Госпиќ, Пула, Вировитица, Чаковец и Копривница. Потоа, анонимни пријави биле примени во преостанатите две полициски одделенија – Крапина-Загорје и Пожега-Славонија.
Полициски службеници од пиротехничарската служба се упатени на сите локации за да ја проверат веродостојноста на пријавите и да ги преземат сите неопходни мерки и дејствија од нивна надлежност, со цел заштита на безбедноста на граѓаните. Се апелира до граѓаните на претпазливо однесување во насока на сопствената безбедност и се повикуваат да ја известат полицијата доколку забележат сомнителни предмети или лица.
Во понеделникот од Владата за Hina изјавиле дека не добиле никаква информација за бомбите, како што објавија некои интернат портали, и поради тоа немало никакви активности, односно евакуација на вработените во владиното седиште на Бански двори.
Истовремено, Владата соопшти дека сите надлежни служби постапуваат врз основа на пријави за бомби во судовите во повеќе градови.
Претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ за јавнито телевизиски сервис HRT изјави дека службеник од судската полиција го информирал за дојавата во текот на средбата со делегацијата на Врховниот суд на Украина и дека му се чини дека е поврзана со неа.
Поради ваквите пријави, неколку стотици вработени беа евакуирани од зградата на општинскиот и жупанскиот суд во Сплит, како и од обвинителството и од секторот за матична книга на земјиштето. Во заканувачката е-пошта наводно пишувало „Зградите ќе се урнат. Не го игнорирајте ова. Поставена е бомба“.
Истарската и Бродско-Посавинската полиција известија дека такви пријави добиле во неколку истарски судови и во двата највисоки судови во Славонски Брод.
Дојави за поставени бомби во Хрватска не добиваат само судовите, туку и други институции, главно училишта. Загрепската полиција пред две седмици уапси малолетник кој лажно пријавил по електронска пошта за поставени експлозивни направи во три училишта во населбата Трешњевка и во здравствена установа.
Од хрватската полиција за медиумите посочуваат дека крајно сериозно и внимателно ја сфаќаат секоја добиена информација или дојава за можни експлозивни направи и брзо вршат проверки на терен, а тоа било случај и со денешните.