Неделков апелираше на хронично болните наставници да им овоможат работа од дома затоа што при патување кон работа најчесто групирани во возила и автобуси, се изложуваат на ризик од зараза. Како проблем на наставниците го наведе и нестабилен интернет, недостиг од опрема и проблеми со греење на просториите.
-Од едно одделение се создаваат две паралелки односно , бројат 20 ученици, потребно е да се поделат во две групи, фактички од една паралелка се создаваат две групи, каде што еден наставник не ретко работи со две групи. Тоа буквално значи удвојување на работата, на потрошеното време, и трошење на физичка и психичка енергија, затоа бараме од директорите за оваа дополнителна работа да ја израчунаат и да ја стават како вид на додаток на плата, вели Неделков.
Министерката за образование Мила Царовска вели дека нема многу наставници кои ги надминале бројот на часови.
-Tоа е однос помеѓу локалната единица на синдикатот и директорот на училиштето. Јас ги потикнувам заеднички да седнат и да ги надминуваат овие прашања. Ве уверувам дека нема голем број на училишта каде што имаме надминување на бројот на часови, рече Царовска.
Според пресметките на СОНК еден наставник за дополнителните часови треба да добие плус 5000 денари на нето односно до 8000 денари на бруто-плата. Неделков апелираше на хронично болните наставници да им овоможат работа од дома затоа што при патување кон работа најчесто групирани во возила и автобуси, се изложуваат на ризик од зараза. Како проблем на наставниците го наведе и нестабилен интернет, недостиг од опрема и проблеми со греење на просториите.