Во петокот во Скопје полицијата регистрирала три пријави за одделни насилства со закани со оружје и физички напади, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
Во петокот во 09.37 часот од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден М.Љ. на 28 години од сскопското село Света Петка. Според пријавеното, тој додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар како вработен во фирма, бил нападнат со остар предмет од О.Ј., при што се здобил со повреди.
На нападот му претходела меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во петокот во 20.30 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит пазар, по претходно меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Д.(29) и Д.И.(57), од една страна и С.К.(52) и З.К.(25), од друга страна, сите од Скопје.
Подоцна вечерта околу 22.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, Б.Ѓ.(76) од Скопје физички нападнал малолетник.