Германските сојузни покраини бележат намален интерес за вакцинирање против коронавирусот со препаратот на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ поради медиумските написи за истражувањата ои покажуваат помала ефикасност на нејзината вакцина.
„Многумина го откажаа својот термин за вакцинирање кога слушнаа дека треба да бидат вакцинирани со вакцината на AstraZeneca“, соопшти министерството за здравство на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.
Во градот Минстер, на северот од оваа покраина, дури 30 отсто од медицинскиот персонал на градските здравствени институции одбиле да се вакцинираат со оваа вакцина.
Исти информации доаѓаат и од покраината Долна Саксонија. Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан, пак, изјави во средата дека вакцината на „AstraZeneca“ е безбедна и ефикасна.
„Јас веднаш би се вакцинирал со оваа вакцина“, изјави Шпан. Според него, ракциите на оваа вакцина не се позачестени отколку кај другите вакцини.
Германските медиуми, меѓу кои и дневниот вестник Siegener Zeitung, пишуваа за откажувања на термините за вакцинирање отктко пациентите кои биле вакцинирани со оваа вакцина се жалеле на замор, тепмература и болки во екстремитетите.
Министерот Шпан истовремено апелираше на властите на сојузните покраини што поскоро да ги потрошат резервите од вакцината на „AstraZenica“.
Според податоците на референтниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, од 736.800 испорачани дози од вакцината на „AstraZeneca“, потрошени се само 85.000 дози.
До крајот на февруари, според најавите, „AstraZeneca“ би требало да испорача уште милион дози од својата вакцина во Германија.
Скептичноста кон оваа вакцина се јави по написите дека истражувањата покажале дека препаратот на „AstraZeneca“ е помалку ефикасна од вакцините на другите производители, и со намаленото делување кај повозрасните лица, а токму оваа група граѓани се на вровот на приоритетните за вакцинација. Според истите податоци, оваа вакцина е помалку ефикасна и против мутираниот јужноафрикански сој на коронавирусот.