Повеќето реки над февруарскиот просек

Нивоата на повеќето реки во земјава се над просекот за февруари, но дел се со пониски водостои, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Реката Струмица кај Ново Село покажува двојно намалување на нивото, додека Вардар кај Демир Капија и Брегалница кај Берово се речиси двојно покачени.

Според УХМР, водостојот на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро е во рамки на февруарскиот просек.