Повеќето Британци повеќе сакаат да останат во Европската унија отколку да ја напуштат, покажува испитувањето на јавното мнение објавено во неделата, кое воедно покажува и дека гласачите сакаат одлуката да ја донесат самите на уште еден референдум за британското членство во Унијата.
Велика Британија истапува од членството на Европската унија ноќта на 29-ти март, меѓутоа премиерката Тереза Меј и натаму води битка парламентот да го одобри нејзиниот излезен договор постигнат по мачни преговори со Брисел. Со тоа се продлабочува несигурноста околу тоа дали договор воопшто е можен и дали Обединетото Кралство на крајот ќе ја напушти ЕУ и без договор.
Анкетата што ја спровеле од YouGov, покажува дека доколку денеска би се одржал референдум, 46 отсто од британските избирачи би гласале нивната земја да остане во ЕУ, додека 39 проценти би гласале за излегување. Другите испитаници не го знаеле во моментов својот одговор, или одбиле да одговорат на прашањето. Кога од анкетата ќе се исклучат неодлучените и оние кои не сакаат да дадат одговор, соодносот на силите би бил 54 наспроти 46 отсто за останува во ЕУ, толкуваат од YouGov.
Анектата со којашто биле опфатени над 25.000 граѓани била порачана од здружението People’s Vote, предводник на движењето кое бара нов референдум околу брегзитот. Меѓутоа, и премеирката Меј и голем број од нејзините противници во нејзината владејачка Конзервативна партија, се силно спротиставени на распишувањето нов референдум по истото прашање.
Опошто земено, анкетата, како и претходните, јасно ја покажува длабоката поделеност во британското избирачко тело, во кој ставот на гласачите полека превагнува кон останувањето во ЕУ. На референдумот во од 13-ти јуни 2016 година, соодносот изнесуваше 52 наспроти 48 отсто за излегување од Унијата, со тоа што за останување мнозинството гласови дојдоа од Шкотска и Северна Ирска.
Од друга страна, Британците забрзано вадат пасоши од земјите членки на ЕУ пред брегзитот. Анкетата на германската новинска агенциja DPA покажа дека силно расте бројот на британските државјани кои сакаат државјанство на некоја друга земја од ЕУ. Тие се загрижени за иднината и можноста да работат и патуваат по Европа, додека во финална фаза влегуваат преговорите со ЕУ околу условите за излегување и економското влијаени што тоа ќе го има.
Германија, Ирска, Шпанија и Португалија, последните три години бележат раст на барањата од Британци за нивно државјанство. Во Германија рекордни 7.500 Британци побарале државјанство во 2017 година, во однос на само 622 во 2015 година. Во Ирска минатата 2018 година примиле 183.000 барања од Британци, што е 22 отсто повеќе отколку една година претходно. Во Португалија бројот на барањата во првите 11 месеци од 2018-та бил околу 500, а во 2015-та имало 62 пријави за државјанство од Британци.
Во Шпанија, пак, бројот на барањата е трикратно зголемен од 2015 година, иако е бројката многу мала, односно сампо 166 во првите десет месеци од 2018-та. Причината за тоа е законската регулатива којашто не дозволува двојно државјанство, а шпанските власти бараат оругиналниот пасот да биде поништен и да се докаже дека лицето во Шпанија живее најмалку десет години.