![kristalina georgieva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/kristalina-georgieva.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Повеќето земји членки на Европската унија, ја поддржаа во петокот Бугарката Кристалина Георгиева како своја кандидатка за нова челничка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).
Во вториот круг од гласањето доцна во петокот по повеќе од 12 часови разговори и поделби меѓу претставниците на владите на земјите членки на ЕУ, Кристалина Георгиева доби гласови од 56 отсто од членките кои претставуваат 57 отсто од населението во Унијата. Францускиот министер за финансии, Бруно Лемер, доцна во петокот ноќта соопшти дека Европската унија ја номинирала Георгиева за шефица на ММФ, пренесе агенцијата DPA.
На кандидатите за именување им беше потребно 55 отсто од гласовиет од 28-те земји членки на ЕУ кои претставуваат најмалку 65 отсто од населнието во Унијата, но еденствениот преостанат противкандидат на Гоергиева, Холанѓанецот Јероен Дијселблом, по вториот круг од гласањето го прифати резултатот и ѝ честиташе на Георгиева преку Twitter, посакувајќи ѝ „успех“. Другите кандидати претјодно се повлекоа.
„Госпоѓа Георгиева доби 56 отсто од гласовите на земјите кои претставуваат 57 отсто од населението на ЕУ, а Дијсеблом доби 44 отсто од гласовите на земјите кои чинат 43 отсто од населението“, рекол неименуван извор за агенцијата AFP и најавил дека министрите за финансии на членките во телефонска конференција ќе ги разгледаат резултатите од гласањето.
Кандидатурите за челник на Меѓународниот монетарен фонд, чиешто седиште е во Вашингтон, може да се поднесат до 6-ти септември, а 24-члениот Извршен одбор на ММФ, кој ја носи конечната одлука, соопшти дека се надева оти изборот ќе биде заокружен до 4-ти октомври.
Се смета дека изборот на Георгиева на чело на ММФ е речиси сигурен, бидејќи оваа функција традиционално ѝ припаѓа на Европа, а челното место на Светската банка на САД. Ова непишано правило се обидоа да го оспорат другите земји, но поголема тежина во овие инститиции имаат гласовите на богатите земји, бидејќи даваат поголеми придонеси во фондот.
Но Георгиева треба да мине уште една пречка, а тоа е возрасната граница. Формално челникот на ММФ, за да биде избран не смее да има повеќе од 65 година, а Георгиева во август полни 66 години. Извора на агенцијата DPA во ЕУ, меѓутоа, рекол дека САД се согласни со промената на ова правило, и поради тоа изборот на Георгиева не би требало да биде доведен во прашање.
Поранешната челничка на ММФ, поранешната француска министерка за финансии Кристин Лагард, поднесе оставка во јули откако челнциите на Европската унија ја избраа за наследничка на Италијанецот Марио Драги на местото челник на Европската централна банка (ECB).
Кандидиати за челник на ММФ во ЕУ, покрај Јероен Дијселблом, кој своевремено беше шеф на Еврогрупата (министите за финансии на земјите од еврозоната), беа и шпанската минситерка за финансии Надја Калвино, гувернорот на централната банака на Финска, Оли Рен и Бугарката Кристалина Георгиева, поранешна комесарка за буџет на Европската комисија и актуелна висока функционерка во Светската банка. Владите во ЕУ беа поделени, па северните членки го поддржуваа Дијсеблом или Рен, јужните Калвино, а источните Гоергиева, рекол по изборот, европски фунцкионер кој барала анонимност.