Најновиот трилер на Џони Деп, „City of Lies“ кој зборува за убиството на раперот Ноториус Б.И.Г. е повлечен од кината еден месец пред неговата закажана премиера.
Филмот, кој првично беше насловен „Labryinth“ со холивудските ѕвезди Деп и Форест Витекер требаше да почне да се прикажува во Северна Америка на 7 септември преку Global Road Entertainment.
Во режија на Бред Фурман филмот го следи детективот од полицијата на Лос Анџелес, Расел Пул (Деп), кој го истражува убиството на Ноториус, исто така познат како Биги Смолс, една година по убиството на неговиот поранешен пријател, а подоцна ривал, раперот Тупак Шакур.
Витекер го глуми новинарот Џек Џонсон, кој се здружува со Пул за да го реши убиството на Биги. Филмот е базиран врз книгата „Лавиринт“ од Рафаел Саливан, која ја покрива истрагата за смртта на Биги чие убиство останува нерешено.
Според „Холивуд Репортер“, Global Road Entertainment потврди дека филмот нема да биде издаден во САД на 7 септември, но не прецизираше нов датум кога тоа би се случило ниту, пак, рекоа која е причината филмот да биде повлечен.